Претходна статија
ТЕМА: Коза може, велосипед не може да влезе во македонските возови
Следна статија
Започна изградбата на новиот КПД „Идризово“

ФОТО ВЕСТ: Разрушениот магацин под Кале како раритетна скопска архитектура

Објавено на 16.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Полусрушениот објект кај СРЦ „Кале“ под скопската тврдина му пркоси на времето. Индолентноста на надлежните државни институции и македонските правни лавиринти придонесоа веќе 11-та година оваа атрактивна локација во центарот на Скопје да остава лош впечаток за главниот град. Министерството за транспорт и врски, во соработка со градежната инспекција, во 2002 година сруши дел од носечките столбови на дистрибутивниот центар на „Рудине“ со тврдење дека објектот е дивоградба. Инспекцијата тогаш го оневозможи натамошниот процес на градење на објектот, но до денешен ден остана дилемата кој треба да го отстрани полусрушениот објект, фирмата – инвеститор или државата која е сопственик на земјиштето.

 

###

###

 

 

Од тогаш до денес поминаа 11 години, период во кој не е започнато расчистување на теренот. Во меѓувреме, полусрушениот објект има централна позиција во панорамскиот поглед на Скопје во очите на посетителите на Музејот на современа уметност и на скопското Кале. Оваа грдосија многу лесно го привлекува вниманието и од страната на реката Вардар, а наскоро со нејзиниот „архитектонски стил“ ќе можат да се запознае и градската администрација што ќе биде сместена во Градската куќа. И што е најважно, разрушениот магацин во актуелниот урбанистички план се поклопува со зацртаната траса на булеварот „Св. Климент Охридски“, кој во некоја подалечна иднина треба да се гради на местото на овој објект.

 

Заборавената рушевина покрај реката Вардар е несомнено уште еден доказ за тоа колку како општество водиме грижа за изгледот на главниот град, но и како функционираат државните органи одговорни за градежниот сектор.