Претходна статија
Општина Радовиш ќе го реконструира градскиот плоштад „Св. Спасо Радовишки“
Следна статија
Профункционира уште една катна гаража во центарот на Скопје

Пробиени двата тунели од идниот автопат Демир Капија – Смоквица

Објавено на 07.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По една година од започнувањето на изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, градежната оператива на грчката компанија „Актор“ успеа да ги пробие двата тунели кај Демиркаписката клисура во должина од 1.200 метри. Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ја посети локацијата на која во моментов се одвиваат интензивни градежни активности. „Тунелот е пробиен и сега се доработува во него. Пробиена е и голем дел од трасата. Се работи со силно темпо и засега нема некои посебни проблеми. Задоволни сме од темпото на изградба оти најважно е да не се доцни“, изјави Груевски. Тој додаде дека изведувачот на работите ќе го испочитува првично зададениот рок и ќе ја изгради целата делница до 2016 година.

 

 

 

Покрај пробивањето на тунелите, во летните месеци забрзано се работеше на изградбата на јужниот дел од автопатот, на потегот помеѓу селата Смоквица и Миравци, каде е пробиен најголем дел од трасата. Во остварувањето на проектот се ангажирани неколку стотици градежни работници и околу 420 возила. Новиот автопат од Демир Капија до Смоквица ќе биде долг 28,5 километри, а за негова изградба преку кредит се обезбедени финансиски средства во висина од 200 милиони евра.