Претходна статија
Нова слободна економска зона кај Бунарџик
Следна статија
Официјален камен темелник за новото МНР

Бриколаж се спрема за влез на македонскиот пазар

Објавено на 13.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Минатата година во бугарски медиуми беше објавено дека големиот француски ланец на специјализирани хипермаркети Бриколаж (Mr. Bricolage) во Македонија ќе влезе во 2010, преку бугарската Доверие Брико АД. Бугарската компанија ги поседува франшизите за Бугарија, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово. Деновиве нивната фирма Брико Македонија објави оглас за вработување на постар специјалист за информатички технологии од кого се бара да ја воспостави информатичката основа за идните операции.


Францускиот ланец се концентрира на производи за уредување и одржување на домот и дворот, како и понуда на „направи сам“ производи. Низ светот има над 700 хипермаркети и е трет глобален играч на „направи сам“ пазарот. Во 2009 Бриколаж имал 12 илјади вработени (без франшизите) и остварил обрт од 2,2 милјарди евра. Во Бугарија веќе оперираат 10 хипермаркети со вкупно 75.000 метри квадратни и 800 вработени.  Во декември минатата година беше отворен и првиот маркет во Србија и тоа во градот Ниш, со површина од 5.800 метри квадратни, кој беше изграден и ставен во функција за помалку од половина година. Треба да следат објекти и во Белград, Нови Сад и Суботица. За 2010 исто така се најавува реализација на хипермаркет во Тирана, Албанија.