Претходна статија
Прескапи понуди за изградба на подземната сообраќајница под плоштад „Македонија“
Следна статија
Инвеститорите во мали хидроелектрани наидуваат на проблеми во реализацијата на проектите

„Гранит“ со намалена добивка во првата половина од годинава

Објавено на 02.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската градежна компанија „Гранит“ во првите шест месеци од годинава работела со помала добивка во споредба со истиот период лани. Според неревидираниот консолидиран извештај објавен на Македонската берза, фирмата остварила добивка од 149,5 милиони денари или околу 2,4 милиони евра, што претставува намалување на профитот од речиси 13%. Лидерот на македонскиот градежен сектор на крајот од јуни годинава имал долгови за тековни обврски во висина од 4,88 милијарди денари или околу 79,2 милиони евра. Во изминатиов период пораснале трошоците за услуги на компанијата. Наспроти прокнижените долгови, „Гранит“ има побарувања од своите клиенти во износ од 4,5 милијарди денари или околу 73 милиони евра.

 

 

 

Покрај падот во текот на првите шест месеци од 2013 година, „Гранит“ и минатата година ја заврши со намалена добивка во споредба со 2011 година. Лани нето – добивката на оваа компанија изнесувала 324 милиони денари или околу 5,3 милиони евра, што е за 15% помалку во однос на 2011 година.