Претходна статија
Започна изградбата на првата термоелектрана на биогас во Македонија
Следна статија
Општина Прилеп ја продаде парцелата за изградба на трговски центар

Логистички центар ќе никне во Ќојлија

Објавено на 14.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Логистички центар со површина од 7.000 метри квадратни ќе биде изграден во мултифункционалната зона „Ќојлија“ во општина Петровец. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески присуствуваше на денешното поставување на камен – темелник на објектот, во кој скопската компанија „Глобекс“ планира да вложи еден милион евра. „Предвидени се 30 вработувања во првата фаза, а вкупниот број на вработени што се планираат е 360“, изјави министерот Јанакиески. Очекувањата на инвеститорот се дека лоцистичкиот центар ќе биде завршен до првиот квартал од наредната година. Локацијата на која ќе се гради објектот е купена по пат на електронско јавно наддавање на неизградено земјиште во зоната.

 

 

 

Според објавените податоци, во „Ќојлија“ досега се продадени 65 парцели за изградба на објекти со различни намени, при што во текот на оваа, а најдоцна во 2014 година, ќе започне изградбата на голем дел од планираните капацитети. Во следните неколку години во зоната „Ќојлија“ треба да се подигнат објекти што ќе вработуваат неколку илјади лица. Мултифункционалната зона се наоѓа во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, автопатот и железничката пруга од Коридорот 10.