Претходна статија
ЕЛЕМ ќе гради нова жичара на Попова Шапка
Следна статија
Катната гаража кај „Нова Македонија“ нема да се гради

Поповолни оценки за економската и финансиската состојба на градежните компании

Објавено на 12.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Раководителите на деловните субјекти од градежниот сектор како поповолна ја оцениле економската и финансиската состојба на компаниите во второто тримесечје од 2013 година, во споредба со претходните три месеци од годинава и во однос на идентичниот период лани. Според соопштението на Државниот завод за статистика, очекувањата на раководителите за бројот на вработени во наредниот период се поповолни, оценката за сегашната состојба со склучени договори е поповолна во однос на претходното тримесечје, а бројната состојба на механизацијата и опремата се подобрува. Менаџерите на градежните компании очекуваат дека во наредниот период продажните цени ќе растат.

 

Како основни ограничувачки фактори за подобрување на постоечката градежна активност на компаниите, раководителите во истражувањето на Државниот завод за статистика ги посочуваат: немањето на побарувачка со 20,8%, зголемените трошоци за материјали со 19,8%, зголемените финансиски трошоци во однос на камати со 15,2% и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11,6%. Испитувањето на мислењата на раководителите на деловните субјекти од градежништвото за придвижувањата во овој сектор се врши четири пати годишно.