Претходна статија
Становите продолжуваат да поефтинуваат, цената на канцеларискиот простор стабилна
Следна статија
Уште три населби по теркот на „Сончев град“

Отворена новата меѓуградска автобуска станица во Гевгелија

Објавено на 01.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Министерство за транспорт и врскиДенеска беше предадена во употреба новата автобуска станица во Гевгелија за локален и меѓуградски превоз. Станицата се простира на 2.723 метри квадратни и во нејзини рамки влегува објект со билетара и чекална со површина од 60 метри квадратни, пет покриени перони, како и паркинг простор за возила. Изградбата започна на крајот на минатата година и ја вршеше локалната градежна фирма „Еуроинг“. Финансиите за реализација на проектот во висина од 12 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општината, а стопанисувањето со објектот ќе го врши општинското комунално претпријатие. Новата автобуска станица се наоѓа во непосредна близина на постоечката железничка станица и е дел од концептот за современ транспортен центар во градот.