Претходна статија
Нов обид и за „Хиподром“
Следна статија
Нова слободна економска зона кај Бунарџик

Уредување на просторот околу „Залив на коските“

Објавено на 12.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Се гради потпорен ѕид и се проширува паркингот кај Музејот на вода кај Градиште, на брегот на Охридското Езеро. Работите треба да завршат до почетокот на летната сезона. Постојниот паркинг простор е импровизиран и премал за репрезентативниот комплекс кој се покажа како вистински магнет за посетители. Но се уште не се реализира минатогодишната најава дека ќе се прошири наколната населба со дополнителни 16 куќарки.


Поглед кон Музејот на водаМузејскиот комплекс се градеше од мај до декември 2008 година и работи во рамките на охридскиот Завод и музеј. Конципиран е околу обновата на наколна населба од бронзеното време која датира од 1200 до 600 година пред новата ера, за која според истражувањата се претпоставува дека своевремено се простирала на површина од околу 8.500 квадратни метри. Платформата е поставена на колци долги 6 метри и е поврзана со копнениот дел на комплексот со мост долг 15 метри. Изградбата чинеше 2 милиона евра. Паралелно со реализацијата на проектот Музеј на вода, реконструирано е и воено утврдување од римско време, таканаречен каструм, кој се наоѓа на ридот над Заливот на коските. Предвидено е да се направи и нуркачка база за туристички цели. Секој посетител ќе може да изнајми опрема и во придружба на професионален нуркач под вода да ги разгледува артефактите и другите остатоци од старата населба.




Форумска дискусија за овој проект –> овде