Паркот на бранителите во Драчево чија изградба започна на почетокот на годинава, сношти беше свечено отворен во присуство на Јохан Тарчуловски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ. Паркот опфаќа површина од 1.225 квадратни метри со зеленило и партерно уредување, а во централниот дел е изградена шестоаголна фонтана со дијаметар од 8 метри. На секоја од шесте страни е поставена спомен – плоча со името на секој загинат бранител од Драчево.
Во средишниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена бронзена скулптура со висина од 3 метри. Скулптурата е фигура на војник – бранител кој ја симболизира храброста и решителноста за одбрана на својата татковина и е дело на скулпторот Димитар Филиповски. Димитар Филиповски е автор и на спомениците на Ченто и на Самоил од проектот Скопје 2014, како и на скулптурите „Шмизла“, „Заљубени“ и „Еј“.