Претходна статија
Отворен аква – паркот во спортскиот центар „Борис Трајковски“
Следна статија
Избран консултант за изградба на новиот објект на Драмски театар

Скопски „Синтек“ ќе го санира Мелнички мост на патот Маврово – Дебар

Објавено на 21.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Агенцијата за државни патишта потпиша договор со скопската компанија „Синтек“ за санација на Мелнички мост на патот Р1202 помеѓу Маврово до Дебар. Грандиозната конструкција со должина од 380 метри што се издигнува над Дебарското езеро треба да започне да се реконструира во текот на август годинава, додека целокупните активности е прецизирано да завршат во рок од 36 месеци. За остварување на проектот, од државниот буџет ќе се исплатат 59 милиони денари односно над 950 илјади евра, сума која е наведена во склучениот договор. Градежниот зафат предвидува санација на два од петте армирано бетонски столбови, промена на дотраениот асфалт, поставување на нова ограда и на осветлување. Изработката на проектната документација за претстојната реконструкција е веќе завршена.

 

* Поради критичната состојба во која се наоѓа, на Мелнички мост му е потребна итна санација

 

 

Реализацијата на овој зафат е неодложна, бидејќи Мелнички мост во моментов се наоѓа во критична состојба. Еден од столбовите е откачен и виси, со што постои реална опасност за рушење на мостот. Инфраструктурниот објект е изграден пред повеќе од четири децении, кога е оформена и акумулацијата Дебарско езеро. Од тогаш до денес не е извршен поголема интервенција за санација на мостот.