Претходна статија
Странски консултанти ќе одлучат дали новиот театар „Центар“ ќе го гради приватен инвеститор
Следна статија
Изградбата на ХЕ „Велес“ ќе ја измести пругата помеѓу Скопје и Велес

Скопскиот Клинички центар ќе се грее на гас

Објавено на 18.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Започнаа градежните активности за гасификација на Клиничкиот центар во Скопје, зафат со кој природниот гас ќе го замени мазутот како енергенс за добивање топлинска енергија од постоечката топлана во рамките на комплексот клиники. Финансиите неопходни за приклучување на гас на најголемата здравствена установа во земјава изнесуваат 800 илјади евра, а според министерот за здравство Никола Тодоров, со спроведување на гасификацијата ќе се оствари годишна заштеда од 300 до 350 илјади евра. Најавено е дека проектот целосно ќе се реализира најдоцна до 1 октомври. Тој опфаќа изградба на гасоводна мрежа во должина од 1,5 километри и замена на постоечките со комбинирани котли за мазут и гас во топланата. Покрај заштедата на финансиски средства, со овој проект ќе се надмине постоечкото загадување на главниот град од топланата, која во просек годишно испушта по 100 тони сулфур диоксид и е еден од поголемите загадувачи на воздухот во Скопје.