Претходна статија
„Го сакам ГТЦ“ утре повторно ќе организира форум против промената на фасадата на трговскиот центар
Следна статија
Странски консултанти ќе одлучат дали новиот театар „Центар“ ќе го гради приватен инвеститор

Распишан тендерот за купување на 150 товарни вагони

Објавено на 18.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Плато вагони на МЖКомпаниите од земјава конечно ќе добијат осовременет возен парк за масовен превоз на стока со железница до крајните дестинации. Пред три дена беше објавен меѓународниот тендер за избор на фирма што ќе изработи 75 зглобни интермодални вагони од серијата Sggrss-80 и 75 плато вагони од серијата Eass-Z-(K). Понудите може да се достават најдоцна до 10 септември, а потпишувањето на договорот во вредност од 15 милиони евра се очекува да се реализира до крајот на годинава. Овој дел од обновата на возниот парк треба да заврши до јули 2014 година. Покрај осовременување на товарниот сообраќај, со кредитот во висина од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе се купат нови патнички моторни гарнитури во вредност од 25 милиони евра, а со 10 милиони евра е предвидено да се реконструираат постоечките вагони. Тендерот за купување на патничките гарнитури ќе биде публикуван во текот на август.

 

Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми транспортот на стоки и бројот на патници во железничкиот сообраќај. Македонија потпиша договор за подигање кредит со ЕБРД во висина од 50 милиони евра во текот на октомври 2012 година. Во согласност со овој договор, возниот парк на МЖ – Транспорт треба да се осовремени со четири триделни дизел моторни гарнитури, две триделни електромоторни гарнитури, но и да се реконструира дел од сегашниот возен парк на компанијата, кој е со просечна старост од 30 до 45 години.