Претходна статија
ТЕМА: Ужасот и срамот се „сопственици“ на железничките станици во Македонија
Следна статија
Топилницата избришана од урбанистичките планови на Велес

1,8 милиони евра за реконструкција на патот Тетово – Јажинце

Објавено на 16.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Регионален пат Тетово - ЈажинцеАгенцијата за државни патишта потпиша договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за рехабилитација на регионалниот патен правец од Тетово до Јажинце (Р1203), во должина од 28 километри. Коловозот на оваа значајна патна врска на Македонија со Косово подолг временски период е во лоша состојба и веќе неколку години се најавува негова реконструкција. За реализација на проектот ќе се издвојат 109.688.018 денари или околу 1,8 милиони евра од државниот буџет. Изведувањето на градежните активности ќе се одвива во временски период од 28 месеци и се очекува да заврши најдоцна до 2015 година.

 

Рехабилитацијата на патниот правец од Тетово до Јажинце е дел од владината програма за изградба и реконструкција на македонските патишта за 2013 година, за која се издвоени околу 100 милиони евра.