Претходна статија
Косовската „Елкос груп“ ќе гради трговски центар во Штип
Следна статија
ТЕМА: Ужасот и срамот се „сопственици“ на железничките станици во Македонија

Камен темелник за средно училиште во Сарај

Објавено на 13.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Сарај денеска започна изградбата на средно училиште, прво во општината и 22-ро во надлежност на Град Скопје. Објектот ќе се простира на 1.700 метри квадратни и ќе располага со осум училници, четири кабинети и една училница – работилница. Во една смена е предвидено да може да прими по 350 ученици. „Градот Скопје и Општината Сарај ќе помогнат за инфраструктурно уредување на ова средно училиште, така што сите заедно ќе овозможиме училиштето да биде изградено за 12 месеци и следната година на 1 септември свечено да го отвориме“ изјави во оваа пригода градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

 

Проектот за објектот е изработен од страна на „Идеја плус“, изведувач на градежните работи е фирмата „Алкон проект“, а надзорот го врши „Евро Консалтинг“. Финансиите потребни за изградбата во висина од 48 милиони денари ги обезбеди Министерството за образование и наука.