Претходна статија
Големата награда на БИМАС 2010 ја доби проектот Винарија Стоби
Следна статија
Облакодери и хотели во Аеродром

Продажба на градежно земјиште во Негорци

Објавено на 08.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно неизградено земјиште во општина Гевгелија. Се работи за седум градежни парцели зацртани со Детален урбанистички план за стопанска зона „Блокотехна“ Негорци, наменети за објекти за произодство, дистрибуција и сервиси. Големината на парцелите се движи помеѓу 1.853 и 2.743 метри квадратни, а почетната цена за квадрат кај сите изнесува 700 денари. Продажбата ќе се спроведе по пат на јавно наддавање кое ќе биде одржано на 18.05.2010. Заинтересираните за учество треба да обезбедат депозит во вредност од 10% од почетната цена, а пријавувањето ќе трае до 07.05.2010.