Претходна статија
Заврши реконструкцијата на „Србиновски мост“
Следна статија
Термоелектраната „Осломеј“ не одговара, Кичево ќе треба да гради нова топлана за централно греење

Се бара проектант за новата општинска зграда во Куманово

Објавено на 09.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Визуелизација на идниот изглед на новата општинска зграда на КумановоЦентарот за развој на Североисточниот плански регион денеска објави оглас за изработка на главен проект со сите фази врз основа на избраното архитектонско решение за новата општинска зграда на локалната самоуправа од Куманово. Најповолниот понудувач ќе треба да го изработи проектот во рок од три месеци или најдоцна до 15 ноември. Понудите треба да се достават најдоцна до 30 јули, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Во согласност со победничкото идејно решение, идното здание на општина Куманово ќе се простира на површина од 13.208 метри квадратни и ќе се гради на парцела со големина од 2.308 метри квадратни. Идејата на архитектите е објектот да се издигне во висина од приземје и шест ката, постигнато со каскадно зголемување, започнувајќи од приземјето и првите три ката.

 

Проектот ќе се реализира по пат на јавно – приватно партнерство. Приватниот инвеститор треба допрва да биде избран преку спроведување на соодветна постапка. На локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата ќе им припаднат околу 7.000 метри квадратни од просториите, додека останатиот дел од административно – деловниот објект ќе премине во сопственост на приватниот инвеститор. Општина Куманово го претстави победничкото идејно решение за новата општинска зграда во април минатата година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект