Претходна статија
„Гранит“ ќе ја гради телекомуникациската кула на Водно
Следна статија
Гасоводни приклучоци за домаќинствата во Куманово

Се продаваат парцели за индустриски објекти и куќи во Демир Капија

Објавено на 08.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Демир Капија продава педесет градежни парцели за изградба на индустриски објекти и индивидуални куќи за домување на четири различни локации. Во месноста Попова Кула се нудат 25 локации за изградба на лесна и незагадувачка индустрија со површина од 930 до 10.511 метри квадратни, со почетна цена од 61 и од 150 денари за метар квадратен. На локалитетот Корешница се продава парцела со големина од 36.588 метри квадратни за изградба на откупно – дистрибутивен центар со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Во постапка за отуѓување се и 24 локации со површина од 199 до 934 метри квадратни за подигање на индивидуални куќи за живеење во Демир Капија и во селото Дрен, со почетна цена од  61 денар за метар квадратен.

 

Вкупно огласеното градежно земјиште за продажба на сите четири локации изнесува 108.562 метри квадратни. Покрај пријавата, заинтересираните субјекти треба да уплатат депозит за учество на електронското јавно наддавање, кои треба да се достават до локалната самоуправа најдоцна до 12 август. Лицитацијата ќе се одржи на 20 август.