Претходна статија
2,25 милиони евра за обуките за енергетска ефикасност
Следна статија
Серијата настани „Го сакам ГТЦ“ продолжуваат без прекин и во јули

Нема заинтересирани за изградба на шпанските скали на плоштадот „Македонија“

Објавено на 03.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ниту еден субјект не доставил пријава за учество на електронското јавно наддавање за продажба на последната слободна парцела на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Според текстот во денешното издание на „Утрински весник“, до Министерството за транспорт и врски не пристигнала пријава за заинтересираност за купување на земјиштето со површина од 1.046 метри квадратни, на кое беше предвидено да се гради комерцијално – деловна зграда, заедно со скали кои треба да бидат изведени во правец на градскиот плоштад. Според огласот, објектот требаше да има приземје и три ката, со бруто развиена површина од 3.780 метри квадратни. И покрај непостоењето интерес кај инвеститорите, од надлежното министерство велат дека во наредниот период ќе објават нов повик за отуѓување на локацијата.

 

 

#

 

 

Новата општинска власт во Центар во неколку наврати најави дека ќе го ревидира постоечкиот урбанистички план „Мал Ринг“, вклучувајќи ја и маркичката за изградба на овој објект. Министерството за транспорт и врски го објави првичниот оглас на крајот од мај.