Претходна статија
Ќе се санираат фасади на уште стари станбени згради во општина Центар
Следна статија
Градот во потрага по идејно решение за реконструкција на фасадите на објектите долж булеварот „Илинден“

За довршување на катната гаража спроти „Макпетрол“ ќе се потрошат дополнителни милион евра

Објавено на 01.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Град Скопје издвои преку 63,7 милиони денари, односно нешто над 1 милион евра за довршување на катната гаража што се гради на улицата Свети Кирил и Методиј (поранешна Мито Хаџивасилев Јасмин) во Скопје, спроти дирекцијата на „Макпетрол“ [»мапа]. Со договорот, цената на овој објект во центарот на Скопје се зголеми на преку 11,7 милиони евра. Според образложението објавено на интернет страницата на Бирото за јавни набавки, причината за издвојување на дополнителни средства се новопредвидените позиции што е неопходно да се изведат поради обезбедување на правилно и непречено функционирање на објектот, како и запазување на законската регулатива за објекти од јавен карактер. Пуштањето во употреба на оваа гаража доцни неколку месеци, а според објавените информации во последниот договор, објектот треба да се заврши најдоцна до крајот на јули годинава.

 

##

 

 

Покрај со средства од градскиот буџет, првичната финансиска конструкција на проектот во износ од 10,7 милиони евра е заокружена и со кредит од НЛБ Тутунска банка. Како изведувач на дополнителните и непредвидени работи е компанијата „Гранит“ од Скопје. Објектот со две подземни и седум надземни нивоа започна да се гради во март 2011 година. Со неговата реализација во центарот на Скопје ќе бидат обезбедени 445 нови паркинг места, од кои 17 за лица со посебни потреби. Приземјето е предвидено за деловен простор, додека последниот кат е со намена за угостителство.