Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Облакодерите во Аеродром ближат кон 35-тиот кат
Следна статија
Ќе се санираат фасади на уште стари станбени згради во општина Центар

Започна приклучувањето на гас на домаќинствата во Струмица

Објавено на 01.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие „Струмица гас“ неодамна го стартуваше процесот на приклучување на струмичките домаќинства на гасоводната мрежа. Приклучоци за гас најпрво ќе добијат објектите што се лоцирани на 10 улици, на кои веќе е изградена секундарната гасоводна мрежа во должина од 2.750 метри. Во функција на реализација на проектот, пред извесно време е добиена и употребна дозвола за секундарната инфраструктура од страна на Републичкиот инспекторат за садови под притисок при Министерството за економија. Во изминатиов период завршена е гасификацијата на објектите во склоп на локалната самоуправа, со што се создадоа услови за премин кон реализацијата на гасификација на домаќинствата, индустриските објекти, но и оранжериите од куклишко поле.

 

Струмичките домаќинства можат да се приклучат на гасоводната мрежа по цена од 700 евра, а за остварување на приклучувањето е купена опрема од производителот „ЦМЦ-ЕЛСТЕР“. На почетокот од годинава, ова јавно претпријатие ги доби и сите неопходни лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика, по целосната реализација на примарната гасоводна мрежа во должина од 15 километри, декомпресиската станица и на 12 мерно – регулаторни станици.