Претходна статија
12 милиони евра ќе се вложат во нова општинска зграда на Ѓорче Петров
Следна статија
„Го сакам ГТЦ“ продолжува утре со организирање форум во паркот „Жена - борец“

Електричните возила остануваат непознаница во Македонија

Објавено на 27.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонија денеска за прв пат беше домаќин на меѓународна конференција за електрични возила, на која беше потпишана и првата Декларација за е-мобилност во земјава. Претседателот на невладината организација „Електромобилност“, Кирил Минанов во своето обраќање истакна дека поентата не е само електричното возило, туку и урбаните средини во иднина да се трансформираат во насока на прилагодување на ваквите автомобили. Иако постојат иницијативи, досега ниту државата, ниту некоја од локалните самоуправи немаат вложено во изградба на потребната инфраструктура, со која би се придвижиле електричните автомобили. На ниво на Македонија, досега единствено од Агенција за енергетика најавија дека имаат во план да користат електрично возило, како дел од иницијативата за поставување на полначи за електрични возила.

 

 

 

 

Во рамките на денешната конференција, со свои излагања се обратија претставници од Друштвото за електрични возила на Словенија и од Бугарската асоцијација за електрични возила. Посетителите можеа да ги разгледаат трите електрични возила од Словенија и од Бугарија, македонскиот електричен скутер на иноваторот Васко Ацковски и два вида на полначи за електрични автомобили. Настанот беше организиран од страна на невладина организацијата „Електромобилност Македонија“, со поддршка од Машинскиот факултет од Скопје и државната компанија МЕПСО.