Претходна статија
Пуштен во употреба новиот објект на Гинекологија Чаир
Следна статија
12 милиони евра ќе се вложат во нова општинска зграда на Ѓорче Петров

Нови 22 парцели за изградба на куќи се нудат во населбата „Јака“

Објавено на 26.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден продава уште 22 градежни парцели во новата населба „Јака“, наменети за станбени куќи. Површините на парцелите се движат помеѓу 378 и 614 метри квадратни, а почетната цена е 148 денари за метар квадратен, со чекор на надавање од 15 денари. Населбата „Јака“ се наоѓа непосредно до автопатот Скопје – Миладиновци, на околу 6 километри од источниот излез од Скопје. Таа опфаќа 500 градежни парцели кои се простираат на вкупна површина од 28 хектари. Во рамките на овој простор е предвидено да се изградат семејни куќи, трговски центар, хотели, забавен парк, спортски терени и простор за собир на граѓаните.

 

##

 

 

Пријавувањето за учество на електронското јавно наддавање е до 16 јули, а наддавањето ќе се одржи на 22 јули. Во претходните два месеца Општина Илинден понуди 70 парцели наменети за изградба на станбени куќи, додека во подготовка се уште 150 парцели со површина од 400 до 500 метри квадратни, кои е планирано да се објават на продажба во третиот квартал годинава.

 

#