Претходна статија
Распишан тендерот за реконструкција на опожарената главна пошта
Следна статија
ААМ со нови мерки против менувањето на изгледот на ГТЦ

Започна изградбата на каналот за отпадни води во Арачиново

Објавено на 18.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Министерство за животна средина и просторно планирањеМинистерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности за реализација на проектот за реконструкција на постоечкиот ободен канал во општина Арачиново. Каналот за отпадни води е долг околу 2.000 метри, на отворениот бетонски дел му припаѓаат 788 метри, на затворениот бетонски канал 207 метри, а 943 метри се отворен земјен канал. Со овој проект ќе биде решен долгогодишниот проблем на арачиновци поврзан со каналот кој ја загадуваше животната околина и претставуваше опасност од појава на заразни болести кај жителите од околните куќи. Вкупната инвестиција изнесува 89 милиони денари, финансиски средства обезбедени од државниот буџет. Градежните активности за целосно завршување на каналот за отпадни води треба да завршат во рок од 16 месеци.

 

Изведбата на каналот во Арачиново првично започна во август 2010 година и до денешен ден не е завршена. По неколку прекини, од надлежното министерство се надеваат дека проектот овој пат успешно ќе се реализира.