Претходна статија
Македонскиот пазар на недвижности презаситен со нови станови
Следна статија
Прилеп ќе добие фабрика за преработка на отпад

Новата гама на придвижувачки механизми за прозорци на ГЕЦЕ со унифициран дизајн

Објавено на 14.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Флексибилност – Поврзливост – Лесна инсталација

 

ГЕЦЕ ја усоврши својата гама на производи за одведување на чад и топлина (RWA системи). Резултатот е модуларно портфолио со нов воедначен и дискретен дизајн на интелигентни механизми. Така изборот на едно единствено решение за секаква примена е сега уште полесно. Најсовремена интегрирана технологија за контрола на управувањето обезбедува флексибилност и го зголемува опсегот на употреба на механизмите – на пример ако се сменат условите и барањата во самата зграда, ширината на отворање и брзината на отворање на прозорците можат едноставно да се подесат согласно новите параметри. Флексибилноста на механизмите овозможува индивидуално и специфично подесени конфигурации за различни згради. Технологијата за контрола обезбедува лесно вмрежување на механизмите за изведба на координирани системи. Нови и иновативни методи на монтажа гарантираат брзо и лесно ставање во функција. ГЕЦЕ ја користи својата огромна консултантска и планерска експертиза за имплементирање на оптимални решенија во соработка со архитектите, проектантите и техничарите. „WinCalc“ софтверот за пресметки за проектирање на прозорски системи го олеснува тоа.

 

 

 

 

 

GEZE Slimchain  –  универзалност и флексибилност

 

Ланчаниот придвижувачки механизам Slimchain е достапен во варијанти со должина на одот од 300, 500 и 800 милиметри, заедно со меѓудолжинско прилагодување, така што може да се примени за различни големини на прозорци и различни барања за нивно отворање. Мал и компактен, Slimchain совршено се вклопува во фасадите.

 

 

 

 

GEZE Powerchain  –  моќност

 

Powerchain е исклучително моќен придвижувачки механизам кој исто така може да се користи и за покривни прозорци и светлински куполи.  Достапен е во варијанти со должина на одот од 600, 800 и 1.200 милиметри. Ги исполнува сите услови поврзани со потребата за прозорци со многу големи ширини на отворање. Силите на потисок и влечење до 600 N му ја даваат неопходната моќност да отвора големи и тешки прозорци брзо и безбедно. Доколку се активира системот за одведување на чад и топлина, Powerchain достигнува исклучително големи брзинини на отворање.

 

 

 

 

Smart fix систем за монтажа  –  прави нештата да функционираат

 

Smart fix системот ја прави монтажата на Slimchain и Powerchain едноставна и брза. Користи „клик“ систем за врзување на механизмите со конзолите. Кабелот за напојување не е фиксиран и може да се откачи, со што ги олеснува подесувањата и интервенциите при монтажата или при замена на уредите.

 

 

GEZE E 920  E 990    „невидливи“ ланчани механизми

 

„Чист“ дизајн кој е овозможен преку интегрирање на технологијата во профилот на прозорецот (од мали, до големи и тешки прозорци) е тоа што ги одликува ланчаните механизми GEZE E 920 – E 990. Придвижувачкиот механизам и монтажните конзоли не се видливи од надвор. Пет различни варијанти со должина на одот од 200 до 900 милиметри, како и голема влечна сила, го прават E 920 – E 990 уште пофлексибилен. Каблите се во вид на лента што овозможува брзо и лесно инсталирање во крилото.

 

 

 

 

GEZE E 250 NT вретенест механизам – за големи ширини на отворање

 

Новиот компактен GEZE E 250 NT вретенест механизам опфаќа широк спектар на примена и е препорачан кај фасадни и покривни прозорци, светларници и светлински куполи. Постигнува особено големи ширини на отворање кога се користи во системи кои се монтирани на површината на профилот на касата. GEZE E 250 NT е достапен во осум варијанти со должина на одот од 100 до 1.000 милиметри. Со својата максимална влечна и потисна сила од 750 N може безбедно да отвора дури и исклучително големи прозорци. Монтажата со користење на тестираните и докажани конзоли е особено едноставна.

 

 

 

 

Интелигентно управување со прозорци со користење на најсовремена електроника

 

Интегрираната технологија за контрола дозволува флексибилно и непосредно подесување на механизмите. Со тоа тие можат да бидат идеално прилагодени на противпожарниот и вентилацискиот концепт на дадена зграда. Ако се активира системот за одведување на чад и топлина, придвижувачите го достигнуваат својот од за вонредни ситуации со брзина до 17 милиметри во секунда. Индивидуалните подесувања на параметрите можат да бидат направени во фабрика или на лице место. Интегриран синхронизирачки модул осигурува реално синхронизирање на до три прозорци, како и до два заклучувачки придвижувачи во секој одделен случај. Нема потреба од надворешна контролна единица. Со тоа монтажата и поврзувањето е олеснето, а ставањето во употреба исклучително едноставно. „DIP“ прекинувач овозможува промена помеѓу соло и синхро режим на работа, така што различни примени се возможни со еден механизам.

 

 

Сигурност на системот и поглед кон иднината

 

Поврзливоста е уште една предност на новата технологија. Новите ГЕЦЕ заклучувачки механизми ги трансформираат уредите во модуларни системски решенија. Дополнително, прозорците можат да бидат вмрежени преку „BUS“ системи користејќи ГЕЦЕ механизми, следејќи ја светската тенденција за автоматизација на зградите која ја опфаќа и прозорската технологија. Интерфејсите со системи за управување на згради и широкоупотребуваните „BUS“ системи овозможуваат и прозорците да бидат вклучени во системите за автоматизација на згради.

 

 

Автоматизирани прозорци во приватниот станбен сектор

 

ГЕЦЕ исто така нуди автоматска вентилација „со дизајн“ за поедноставна примена, како на пример во приватни домови. Достапноста и практичноста стануваат се поважни во оваа област. ECchain вентилацискиот механизам е моќен базичен модел кој може да се користи и на мали „fanlight“ прозорци. Интегрираното подесување на должината на одот овозможува да се прилагоди кон различни барања за вентилација.

 

 

 

 

Images credits: GEZE GmbH, Photographer: Lazaros Filoglou

Извор на фотографиите: GEZE GmbH, Фотограф: Лазарос Филоглоу