Претходна статија
Продажба на земјиште за изградба на спортско - рекреативен комплекс во Зелениково
Следна статија
Автопатот помеѓу Демир Капија и Смоквица напредува над очекувањата

Започна издавањето градежни дозволи по електронски пат

Објавено на 01.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Одобрение за градење ќе може да се добие во рок од 15 дена, наместо досегашната постапка што се одвиваше 45 дена. Од денес профунционира електронскиот систем за издавање на градежни дозволи, со кој целокупната процедура од поднесување на документите до земањето на одобрението ќе се одвива по електронски пат. Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека сите институции се подготвени за спроведување на постапката. Системот е веќе тестиран и отстранети се сите аномалии, а единствен проблем би можел да се јави кај оние општини што немаат добиено електронски потписи. Од надлежното министерство апелираат сите локални самоуправи да ја завршат оваа обврска, бидејќи симболичниот трошок изнесува 30 евра.

 

Целокупната постапка за добивање на документ за градење се состои од четири чекори. Во првиот чекор се внесуваат барањето и документите во електронскиот систем. Доставените документи потоа електронски се потпишуваат и се префрлаат до надлежната општина или до министерството. Во процесот на одлучување сите институции комуницираат по електронски пат во насока на донесување одлука. По информирањето за платени комуналии, градежната дозвола ќе биде издадена по електронски пат. Во иднина секоја градежна дозвола издадена од локалните власти во хартиена форма ќе биде ништовна. Македонија е првата земја од регионот што целосно го спроведе електронското издавање на градежни дозволи.