Претходна статија
Куманово ќе добие директна патна врска со Косово
Следна статија
Реконструкцијата на македонските затвори никако да започне

Продолжува високата зависност на земјава од увоз на електрична енергија

Објавено на 23.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонија останува енергетски зависна од странскиот увоз на електрична енергија. Во првите два месеца од 2013 година во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија нето – увозот учествувал со 22,565%. Во споредба со ланските годишни податоци, забележано е намалување на увозот од странските пазари, но истовремено во јануари и во февруари 2013 година е констатирана и намалена консумпција на енергија од 8,95%, односно 17,38% во споредба со првите два месеца од 2012 година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во земјава во јануари годинава биле потрошени 892.781 MWh, додека во текот на февруари користењето на електрична енергија изнесувало 764.184 MWh. Збирните статистички информации од минатата година покажуваат дека 72% од потрошувачката на енергија е обезбедена од домашните енергетски објекти, додека 28% од неопходната електрична енергија била увезена од странските пазари.

 

 

 

 

Како и досега, производството на електрична енергија во земјава се базира на термоелектраните. Нивното учество во првите два месеца од 2013 година изнесувало 74,25%. Со отворањето на „ТЕ – ТО“, добивањето електрична енергија од комбинираните електрани и индустриски енергани се искачи на втората позиција и тие учествуваат со 15,2%, додека домашните хидроелектрани учествуваат со 10,5% од вкупното бруто – производство на електрична енергија. Иако метеоролошките податоци покажуваат дека Македонија има од 250 до 300 сончеви денови во годината, сепак податоците од статистика велат дека овој вид обновливи извори на енергија е неискористен. Само 0,045% од електричната енергија што се произведува во земјава отпаѓа на работата на соларните електрани.