Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Приштина   (I дел)

„Божицата на трон“ пулсира со вербата за посветла иднина
Следна статија
Во Прилеп ќе се проширува вториот дел од улицата „Александар Македонски“

Огромен скок на бројот на паркиралишта и гаражи во 2012 година

Објавено на 21.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Инвестирањето на државата, локалните самоуправи и приватните компании во катни гаражи, подземни гаражи и други објекти за паркирање доведе до значително зголемување на бројот на паркиралишта во текот на 2012 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија постојат 164 објекти за паркирање, со кои се обезбедени 16.474 паркинг места со вкупна површина од 370.305 метри квадратни. Од нив, 1.496 места за паркирање се во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 1.349 места за паркирање. Статистичарите регистрирале дека во земјава лани функционирале пет катни гаражи и седум покриени гаражи. Ваквите бројки претставуваат огромен пораст во делот на обезбедување на јавни површини за паркирање во однос на 2011 година.

 

Информациите од Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2011 година на располагање на граѓаните им биле 93 паркиралишта и гаражи, со вкупен капацитет од 11.949 места за паркирање. Од нив, шест објекти биле покриени гаражи со 1.386 обезбедени паркинг места, додека четири објекти биле катни гаражи со 1.069 места за паркирање. Со истражувањето на статистичарите се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Скопје, Охрид, Струмица, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Битола и Гевгелија.