Се интензивираат работите на изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, последната делница од патниот коридор 10 низ земјава по која сè уште се вози по пат со две ленти. Со минирање и специјална механизација се пробива двоцевниот тунел во карпата на Демиркаписката клисура, а во тек се подготовки и за изведба на двете премостувања на Вардар кои ќе се надоврзуваат на тунелот од двете негови страни. Кај селото Клисура се подготвени пристапни патишта до тешко достапниот планински терен низ кој треба да поминува трасата во тој сектор, додека кон југ во близина на селата Миравци и Смоквица дел од автопатот е веќе трасиран. Паралелно со работите на изградбата на автопатот, поради минирањето за новиот тунел во моментов се одвиваат и градежни активности за заштита од одрони на карпи во старите тунели на магистралниот пат, кои се во непосредна близина.
Реализацијата на оваа автопатска делница во должина од 28,2 километри започна пред осум месеци, а целиот проект треба да биде заокружен до септември 2016 година. Изведувач на градежните работи е грчката компанија „Актор“.
Порталите на новиот двоцевен тунел во близина на Демир Капија:
Пробивање на трасата на автопатот во близина на селото Миравци:
Пристапни патишта во близина на селото Клисура и кај Демир Капија: