Претходна статија
Хотели и викенд - куќи ќе се градат во СРЦ Пониква
Следна статија
Пропадна обидот за изградба на ски - центар на Водно

Се подобрува финансиската состојба на градежните компании

Објавено на 08.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Раководителите на македонските градежни компании се задоволни од првото тримесечје од 2013 година. Според извештајот на Државниот завод за статистика, градежниците како поповолна ја оценуваат економската состојба во првите три месеци од годинава, во споредба со претходното тримесечје и со идентичниот период лани. Почетокот на 2013 година бил бериќетен и за нивните приходи од реализацијата на договори, па така менаџерите сметаат дека финансиската состојба на  градежните компании е поповолна во споредба со истиот период од минатата година и со последните три месеци од 2012 година. Тие оценуваат дека се подобрува состојбата со склучување нови договори на домашниот и на странските пазари. Позитивното придвижување на овој дел од македонската економија може да се согледа и од оценката дека опаднале задоцнетите плаќања од клиентите.

 

 

 

 

Раководителите на компаниите имаат поповолни очекувања за бројот на вработени во градежниот сектор во наредниот период, а на идентично мислење се и за бројната состојба и за квалитетот на механизацијата и опремата. Според нивните проценки, продажните цени во овој сектор ќе останат на исто ниво како и во претходното тримесечје. Градежниците сметаат дека најзначајни фактори на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност се следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 24,5%, недоволната побарувачка со 18,8%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 12,1% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,8%.