Претходна статија
Добивката на скопски „Бетон“ продолжува да расте и во 2013 година
Следна статија
Наскоро ќе започне возобновувањето на киното на браќата Манаки

Се нуди градежно земјиште во стопанскиот комплекс Белимбегово

Објавено на 01.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден нуди на продажба две градежни парцели за изградба на индустриски објекти во стопанскиот комплекс Белимбегово. Првата има површина од 87.065 метри квадратни и е наменета за откупно – дистрибутивен центар за земјоделски производи со компатибилни класи на намена, додека втората е со големина од 19.334 метри квадратни и е наменета за лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намена. Почетната цена на понуденото земјиште изнесува 61 денари од метар квадратен за првата, односно 148 денари од метар квадратен за втората парцела.

 

##

 

 

Електронската јавна лицитација ќе се одржи на 4 јуни. Заинтересираните за учество треба да ги достават своите пријави најдоцна до 30 мај. По склучениот купопродажен договор, најповолниот понудувач ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди одобренија за градење на предвидените објекти. Во стопанскиот комплекс Белимбегово веќе успешно функционираат неколку индустриски капацитети.