Претходна статија
Новиот објект на Институтот за белодробни заболувања ќе биде готов догодина
Следна статија
Се нуди градежно земјиште во стопанскиот комплекс Белимбегово

Добивката на скопски „Бетон“ продолжува да расте и во 2013 година

Објавено на 01.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во првото тримесечје од 2013 година остварила зголемување на добивката за 14,9% во споредба со истиот период лани. Според неконсолидираниот биланс на успех, во периодот е остварена нето добивка од 17.409.656 денари или околу 280.000 евра. Пресметките покажуваат дека заедно со формираните друштва за експлоатирање на минерални суровини Бетон – Про, Бетон – Каменолом и Бетон – Рудник, профитот на компанијата изнесува 15.793.668 денари. Вкупните приходи на скопски „Бетон“ во првите три месеци од годинава изнесуваат 514.349.968 денари односно над 8,3 милиони евра. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот на оваа градежна компанија е зголемен за 17,6%.

 

Во финансискиот извештај објавен на Македонската берза се забележува идентичен пораст и на расходната страна. Во првото тримесечје од 2013 година таа изнесувала 496.940.312 денари. Огромен дел од проектите што ги изведува „Бетон“ се резултат на потпишаните договори со државните претпријатија и локалните самоуправи од земјава. Компанијата денеска објави дека склучила нов договор со Јавното претпријатие за државни патишта за третата фаза од проектот за рехабилитација и подобрување на локалните патишта во североисточниот регион од земјава. Вредноста на градежните активности во кои ќе биде вклучена оперативата на „Бетон“ изнесува 114.347.962 денари односно над 1,8 милиони евра.