Претходна статија
Липково ја доби првата мала хидроелектрана, ќе се гради уште една
Следна статија
Стопирана изградбата на катната гаража спроти „Старата железничка“

Од 1 јуни градежни дозволи ќе се издаваат по електронски пат

Објавено на 26.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека електронскиот систем за издавање на одобренија за градење ќе започне да функционира од 1 јуни, со што дозволите за градба ќе можат да се добијат за само 15 дена, наместо сегашните 45 дена. Тој денеска го презентираше софтверот и понудените решенија пред претставниците на градежните компании, раководителите на секторот за урбанизам од поголемите општини и директорите на јавните претпријатија. Во наредниот период ќе се спроведе обука на вработените од локалните самоуправи за успешно раководење на електронската постапка.

 

 

 

 

Со издавањето на градежни дозволи по електронски пат граѓаните и компаниите ќе добиваат поедноставни и побрзи услуги. Целокупната постапка за добивање на одобренија за градење опфаќа четири чекори, од поднесувањето на барање до издавањето на градежна дозвола. „Барањето заедно со потребните документи се внесува во системот, а доставените документи електронски се потпишуваат и се проследуваат до соодветната општина или до Министерството за транспорт и врски“, изјави министерот Јанакиески. Со новиот софтвер ќе се овозможи и трети лица да поднесуваат барање во име на барателот на одобрението за градење. Македонија е првата земја од регионот која успешно ќе го реализира овој проект.