Претходна статија
Уредување на пешачката улица „Тоше Проески“
Следна статија
Се асфалтира велосипедската патека на левиот брег на Вардар

Квалитетна вода за Петровец

Објавено на 23.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше пуштен во употреба нов водовод во општина Петровец, кој со квалитетна вода ќе ги снабдува населените места Петровец, Р’жаничино, Огњанци и Чојлија. Водоводот е изграден со грант од јапонската влада во висина од 5,1 милиони евра. Дистрибутивната мрежа е со вкупна должина од 700 метри, а секундарната водоводна мрежа е со должина од 26.300 метри. Со овој водовод квалитетна вода за пиење ќе добијат околу 5.000 жители од четирите населени места.