Претходна статија
Неокласичната фасада на Владата ќе биде готова за една година
Следна статија
Нова тура на фасади за реконструкција во општина Карпош

Нова зграда ќе се гради на местото на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на 23.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денеска започна уривањето на „жолтата куќа“ во центарот на Скопје, во која е сместена централата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено работници на ЈП „Паркови и зеленило“ го отстрануваа и зеленилото околу објектот. На просторот со површина од 1.224 метри квадратни, владејачката партија во партнерство со приватен инвеститор ќе гради нова комерцијално – деловна зграда. Засега не се соопштува кој е соинвеститорот, но извесно е дека на партијата ќе треба да и отстапи најмалку 30% од површината на идниот објект, додека остатокот ќе може да го користи за свои потреби.

 

„Тоа земјиште се гради во соинвеститерство, односно понудувачите понудија процент од бруто развиената површина кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште (во случајов ВМРО-ДПМНЕ), што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде под 30% од бруто развиената површина. Што значи приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возрат треба да отстапи најмалку 30% од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот“ објаснуваат во соопштението лиферувано од партијата.

 

Уривање на „жолтата куќа“ на ВМРО-ДПМНЕУривање на „жолтата куќа“ на ВМРО-ДПМНЕУривање на „жолтата куќа“ на ВМРО-ДПМНЕУривање на „жолтата куќа“ на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Новата зграда ќе има приземје, осум спрата и поткровје, со најголема висина до венец од 29 метри, а над таа висина се дозволени архитектонско – естетски декоративни обликувања. Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“, предвидува максималната бруто развиена површина на објектот да биде 12.240 метри квадратни. Соинвеститорот на ВМРО-ДПМНЕ е должен делот што ќе и го отстапи на партијата да го изгради како посебна функционална целина со посебен влез, во рок не подолг од 10 месеци од денот на правосилност на одобрението за градење.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект