Претходна статија
Во проектот „Скопје 2014“ досега се потрошени 208 милиони евра
Следна статија
Неокласичната фасада на Владата ќе биде готова за една година

Ќе се ревитализираат ладилните кули во ТЕ „Битола“

Објавено на 23.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

TE БитолаДржавната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) објави тендер за избор на изведувач што ќе го реализира процесот на ревитализација на ладилните кули од термоелектраната „Битола“. Проектот предвидува санација и модернизација на кулите, со што ќе се замени постоечкиот азбестен материјал со нов еколошки прифатлив материјал. Оваа фаза од процесот за ревитализација на најголемата македонска термоелектрана ќе се одвива во наредните 36 месеци. Итноста за остварување на зафатот наметна државната компанија да спроведе постапка со преговарање со претходно објавување на оглас. Поради изведување на модернизацијата на котелската постројка на Блок 2, во периодот од 1 јули до 30 септември годинава е неопходно да се изврши санацијата на ладилната кула 2. Активностите за ревитализација на другите кули ќе се одвиваат во наредните години. Севкупните активности треба да завршат најдоцна до првата половина од 2016 година.

 

Заинтересираните компании за учество во постапката треба да ја достават потребната документација до 14 мај. Покрај ревитализацијата на ладилните кули, ЕЛЕМ веќе ја спроведува модернизацијата на котлите во термоелектраната, во соработка со германската компанија „Бобкок Борсиг“. Во наредниот период е планирано да се оствари и проектот за намалување на SOx и честичките прашина кои се испуштаат при работењето на енергетскиот објект.