Претходна статија
Привршува изградбата на комплексот „Рем“ во Тетово
Следна статија
Во проектот „Скопје 2014“ досега се потрошени 208 милиони евра

Поставен камен темелник на спортска сала за УКИМ

Објавено на 20.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Просторот на кој ќе се гради новата спортска сала за УКИМДенеска беше означен почетоткот на изградбата на нова спортска сала за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Спортскиот објект ќе никне кај комплексот на Економскиот, Правниот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет [»мапа] и трибините ќе имаат капацитет за 1.100 гледачи, додека подтрибинскиот простор ќе биде искористен за теретана и фитнес. Салата ќе може да се користи за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг, гимнастика, боречки спортови и сите останати дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот на студентите, а исто така предвидено е да се користи и за активнсоти од културен карактер.

 

Во изградбата ќе се вложат 154 милиони денари или околу 2,5 милиони евра, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија, како дел од проектот за изградба на 35 спортски сали преку Агенцијата за млади и спорт. Рокот за пуштање во употреба на новиот објект е две години. Во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со средства од Владата изградена е и спортската сала на Факултетот за физичка култура, каде е предвидена изградба на уште една.