Претходна статија
Рокот за доставување понуди за изградба на скопскиот трамвај продолжен до 24 април
Следна статија
Значителен пораст на бројот на предвидени станови во текот на февруари

Кавадарци гради монтажен паркинг, планира уште еден

Објавено на 05.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска присуствуваа на стартот на градежните работи за изградба на првиот монтажен паркинг кај паркот „Алеја на великаните“ во центарот на Кавадарци. Паркингот ќе може да прими над 100 возила, со што делумно ќе се надмине проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. Општината го доби градежното земјиште за реализација на проектот од македонската влада и во него ќе инвестира 29 милиони денари од локалниот буџет. За трајно решавање на проблемот со недостигот на паркинг места во Кавадарци, Општината планира да изгради на уште монтажен паркинг во централното градско подрачје, на градежна парцела во сопственост на Ј.П. „Комуналец“.