Претходна статија
Населбата „Зајчев Рид“ чека амин од Општина Карпош
Следна статија
ИНТЕРВЈУ: Кандидати за градоначалник на Скопје

Гранична населба ќе се гради во близина на преминот „Богородица“

Објавено на 03.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Гевгелија го презентираше нацрт – урбанистичкиот план за населеното место Богородица, кој опфаќа простор од 100 хектари во близина на истоимениот граничен премин кон Република Грција. Локалната власт има идеја на локалитетот да се оформат седум урбани блокови на кои домашни и странски инвеститори во иднина ќе изградат гранична населба со индивидуални куќи за домување, здравствени и образовни објекти, црква, спортски терени и заштитно зеленило. Покрај за живеење, со урбанистичката документација се предвидени и градежни парцели за изградба на хотелски комплекси, големи трговски единици, погони од лесната индустрија, стоваришта и сервиси.

 

Пред да започне реализацијата на новата населба во близина на Гевгелија, предложениот урбанистички план ќе мине низ законската процедура за негово донесување. Општинските власти ќе бидат задолжени за продажба на државното неизградено земјиште на атрактивната локација. Во изминатите години во близина на граничниот премин „Богородица“ се изградија неколку хотели и казина, нова бензинска пумпа, а еден домашен и еден странски инвеститор купија земјиште за подигање на хотел и трговски центар.