Претходна статија
Отворањето на Стариот театар одложено, сè уште се работи на партерот и во внатрешноста на објектот
Следна статија
Огромни финансии итно потребни за проекти во енергетиката

Проектот за топлификација на Битола ќе стартува во 2014 година

Објавено на 28.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежните активности за изградба на примарниот и секундарниот цевковод за топлификација на општините Битола, Могила и Новаци и за реконструкција на постоечката опрема за производство на топлинска енергија ќе започнат во 2014 година, а жителите од овие населени места ќе можат да ја ползуваат топлинската енергија од РЕК „Битола“ најдоцна до 2017 година. Хрватската компанија „Еконерг“ од Загреб веќе ја изработи техно – економската студија за избор на концепција на централен топлификационен систем, а обврската за проектирање и изградба на топловодната инфраструктура треба да ја реализираат Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

 

Пред да започнат конкретните активности на терен, во наредните месеци ќе се подготви главниот проект за производство на топлинска енергија за локално греење и за изведба на примарните и секундарните цевководи во должина од 12,5 километри. Финансиите потребни за остварување на замислата се во висина од приближно 40 милиони евра, од кои 24,5 – 28,5 милиони евра ќе бидат искористени за проектирање и изградба на вреловодите. За време на првата фаза од имплементацијата, претпоставките се дека потрошувачката нема да надмине 135.000 MWh годишно. Според првичните информации кои се обелоденија во 2011 година, проектот за  централно парно греење во Битола требаше да биде започнат годинава.