Претходна статија
Консултанти ќе ја кројат судбината на идното здание на Драмски театар
Следна статија
Проектот за топлификација на Битола ќе стартува во 2014 година

Отворањето на Стариот театар одложено, сè уште се работи на партерот и во внатрешноста на објектот

Објавено на 28.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар ќе се пре­се­ли во обновениот об­јект на „Ста­ри­от те­а­тар“ покрај Вардар кон кра­јот на мај, а пре­ми­е­ра­та на првата претстава според текстот на Јор­дан Плев­неш „Веч­на ку­ќа“, наместо вчера како што беше планирано, ќе би­де изведена во сеп­тем­ври. Според министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска, една од главните причини за пролонгирањето на градежните работи врз новата зграда е непочитување на договорот за изведба на партерното уредување што Министерството го склучило со фирмата „Конструктор инженеринг“, кој во меѓувреме бил раскинат.

 

Пуштањето во функција на новото седиште на МНТ во мај ќе биде одбележано со прикажување на документарен филм за изградбата на театарот, со откривање на скулптура на која се претставени великаните на македонскиот театар, со изведба на фрагменти од планираната премиера, како и со промоција на театарскиот музеј. Музејот ќе биде распослан низ целата зграда и ќе содржи фотографии, плакати, програмски книшки, реквизити, сценографски и костимографски скици, костими, лични предмети на актерите и огромен број документи.

 

Новиот театарски објект има вкупна површина од 7.200 метри квадратни. Фоајето е на три нивоа, а аудиториумот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со двојно дно. Големата сцена е со 15 мали и две големи платформи, а бочната сцена има шест движечки платформи, како и интербина со ротирачка платформа.

 

Цената за реализација на овој проект официјално сè уште останува мистерија. Министерката Канческа – Милевска на вчерашната прес конференција посветена на Стариот театар не знаеше да одговори на новинарско прашање за вкупната вредност на склучените договори и анекси на договори. Според истражувањето на „Радио Слободна Европа“, потрошените финансии за објектот достигнале над 39 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за „Стариот театар“

 

 

„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер

„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер

„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер

„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер„Стар театар“ - ентериер