Претходна статија
Заем од ЦЕБ за изградба на социјални станови
Следна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Градилиште во Жена-парк

Ќе се гради високообразовна институција во Сарај

Објавено на 16.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа лицитација за давање под долготраен закуп од 99 години на државно градежно земјиште во општината Сарај, со намена за „високо образование – наука“. Земјиштето го доби тетовскиот „Универзитет на Југоисточна Европа“, кој за парцелата со големина од 21.335 метри квадратни ќе треба да исплаќа годишна закупнина од 448.035 денари, односно 21 денар за квадрат. Почетната цена изнесуваше 20 денари за квадрат.


Понудувачот е должен во рок од 15 дена да ги уплати средствата за едногодишна закупнина. Доколку средствата не се уплатат во предвидениот рок, ќе се смета дека земјиштето не е дадено под закуп, а депонираните средства нема да бидат вратени. По извршената уплата се склучува договор за долготраен закуп со кој најповолниот понудувач се обврзува дека предвидениот објект ќе го изгради во рок од три години.


Според деталниот урбанистички план, новата високообразовна институција ќе се гради на површина од 6.450 метри квадратни со максимална висина од 10,2 метри. Локацијата е покрај реката Вардар, кај главниот влез во општината од Скопје. Таму се вцртани и маркички за средно училиште и здравствена установа.