Претходна статија
Општина Центар ќе го развива велосипедскиот транспорт
Следна статија
Отворена Куќата на фудбалот

Градежниот институт „Македонија“ сака да ја купи фабриката „Карпош“

Објавено на 22.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нови придвижувања во сопственичката структура кај компаниите од македонскиот градежен сектор. Градежниот институт „Македонија“ А.Д. е заинтересиран да ја купи фабриката „Карпош“ од Скопје. Комисијата за хартии од вредност даде дозвола за откуп на акциите на претпријатието. Понудата за откуп се однесува 224.334 обични акции, кој понудувачот се обврзува да ги купи по цена од 180 денари за акција. Градежниот институт „Македонија“ за целосно преземање на акциите ќе треба да плати 40.380.120 денари или преку 650.000 евра. Минималната количина на хартии од вредност што треба да се прифатат, за понудата за откуп да се смета за успешна е 11 отсто од вкупниот број акции.

 

Градежниот институт „Македонија“ е формиран во 1975 година во времето на големата градежна експанзија во земјава. На македонската јавност тој и е познат како лидер во секторот надзор на изградба на објекти. Фабриката „Карпош“ од Скопје е основана во 1948 година и е најстар објект од ваков вид во земјава. Во својот асортиман, фабриката нуди монтажни крупнопанелни згради, мали монтажни објекти, монтажни индустриски објекти, далноводи, трафостаници, вибропресувани, бетонски и армиранобетонски цевки и шахти, монтажно армиранобетонски мостови и бетонска галантерија.