Претходна статија
Граничниот премин Богородица доби бензинска пумпа на „Лукоил“
Следна статија
Расте понудата на недвижен имот, заедно со поволностите за граѓаните и компаниите

Планираната соларна електрана кај РЕК Битола чека финансии од европските фондови

Објавено на 12.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) активно работи на проектот за изградба на концентрирачката соларна електрана во близина на РЕК Битола. Во општина Новаци денеска беше презентирана Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, која беше изработена пред неколку месеци од „Емпириа ЕМС“ од Скопје. Значајниот енергетски објект со инсталирана моќност од 225 мегавати ќе се простира во битолското поле, на градежно земјиште со површина од 39 хектари, кое е лоцирано североисточно од РЕК Битола. Плановите на ЕЛЕМ предвидуваат изградбата на соларната електрана да стартува во текот на 2013 година, а рокот за изведување на градежните работи би бил од 12 до 18 месеци.

 

Концентрирачка соларна електранаПрвичните проценки се дека за остварување на проектот ќе бидат потребни 30 милиони евра без вкалкулиран ДДВ. Финансиската конструкција за енергетскиот објект не е затворена, но од државната компанија се надеваат дека ќе обезбедат пари од странските фондови без поголеми проблеми бидејќи целокупната документација е комплетирана. Сончевото поле што се наоѓа на североисточната страна од најголемата македонска термоелектрана е избрано како иделна локација бидејќи земјиштето е во целосна сопственост на ЕЛЕМ и поради ниските трошоци за градежни работи. Проценките на Студијата за заштита на животната средина се дека проектот не претставува закана за природната и социјалната средина и нема да предизвика значителни влијанија врз биолошката разновидност и еколошкиот интегритет на подрачјето.

 

Преку анализа на постоечките технологии за концентрирачки соларни електрани, одлучено е да се употреби една од линеарните технологии: параболичен колектор или линеарен Фреснелов колектор. Конечниот избор ќе се изврши во завршната фаза од развојот на проектот, преку тендерскиот процес за изградба на постројката и за набавка на опремата. Неопходните физибилити студии се веќе изработени од страна на „Artelia Eau & Environnement – Branche Energies Renouveables“ во соработка со „Carbonium“. Прогнозата на ЕЛЕМ вели дека минималното годишно производство на овој објект преку искористувањето на сонцето како обновлив извор на енергија би изнесувало 104 гигават часови електрична енергија.