Претходна статија
„Градски паркинг“ и „Паркинзи на општина Центар“ ги закопаа секирите
Следна статија
Граничниот премин Богородица доби бензинска пумпа на „Лукоил“

Означен почетокот на изградбата на новата сала на МЗТ

Објавено на 11.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако сè уште е во тек уривањето на старата спортска сала на кошаркарскиот клуб МЗТ, на истата локација во скопската општина Аеродром денеска официјално беше поставен камен темелник за спортскиот центар „Јане Сандански“ кој треба да никне на нејзиното место. На денешниот настан присуствуваа премиерот Никола Груевски и рускиот инвеститор Сергеј Самсоненко кој треба да го реализира проектот и за возврат ќе стопанисува со комплексот во наредните 35 години. Рокот за изградба е 18 месеци.

 

Новиот спортски центар, чија вредност првично беше проценета на околу осум милиони евра ќе содржи две спортски сали од кои главната ќе биде со капацитет за 5.360 гледачи, а помошната со капацитет за околу 1.000 гледачи. Во рамки на комплексот ќе има и хотел со над 60 соби, базен, спа и модерен фитнес центар, како и други придружни содржини. Проектот предвидува обезбеден паркинг простор за околу 500 возила.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Визуелизации:

 

##

##