Спортската сала „Јане Сандански“, досегашниот дом на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје оди во историјата. Во петокот започна уривањето на објектот, а демонтирањето во внатрешноста течеше уште од пред две недели. Рокот за комплетно отстранување на објектот кое го спроведува ф-ка „Карпош“ А.Д. Скопје е 30 дена. На местото на старата сала за 18 месеци треба да никне современ комплекс кој ќе содржи нова спортска сала со капацитет за 5.000 гледачи, помошна сала со капацитет за 1.000 гледачи, хотел, комерцијални и други содржини.
» Форумска дискусија за овој проект