Претходна статија
Новата зграда на Турскиот театар ќе ја гради скопски „Бетон“
Следна статија
Пропадна уште еден конкурс за промена на фасадата на ГТЦ

Музеј на ретки минерали ќе се гради во Пробиштип

Објавено на 27.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Пробиштип денеска распиша оглас за избор на градежна компанија што ќе го реализира изложбениот павилјон во кој ќе бидат изложени ретки минерали ископани на рудните наоѓалишта во Македонија. Објектот ќе биде лоциран во центарот на Пробиштип и ќе се простира на површина од 150 метри квадратни. Планирано е во првиот музеј од ваков вид во земјава да се изложи богата минеролошка збирка од стотина експонати. Изградбата на музејската установа треба да заврши до август 2013 година, а во целиот проект е предвидено да се вложат околу 130.000 евра.

 

 

 

 

Музејот на ретки минерали се реализира со финансиска поддршка од општина Пробиштип и компанијата „Индо минерали и метали“. Малата музејска зграда ќе биде во форма на кристал. Локалната власт очекува дека новата установа ќе придонесе за поттикнување на туристите во градот, кој е познат како прва рударска населба на Балканскиот полустров.