Претходна статија
Беровското училиште „Дедо Иљо Малешевски“ се грее со отпадоците од дрвната индустрија
Следна статија
Прилеп со идеја за стаклена пирамида на плоштадот Александрија

Се подготвува реконструкција и проширување на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Објавено на 09.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Булевар Христијан Тодоровски Карпош - мапаГрадежната компанија „Бетон“ од Скопје е избрана за најповолен понудувач за реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“ во должина од околу 600 метри. Најважната сообраќајница што ги поврзува општините Бутел и Чаир засега нема да се продолжува кон скопската обиколница. Вредноста на потпишаниот договор за санација на овој сегмент од трасата изнесува 61.070.629 денари. Градежните активности на проектот ќе се одвиваат во временски период од шест месеци. Изведувањето на електричните инсталации за осветлување на овој дел од булеварот ќе го врши компанијата „Елтра“ од Скопје за 2.478.000 денари, со што вкупниот буџет за реконструкцијата е 63.548.629 денари или преку еден милион евра.

 

Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ беше предвидено да се проширува и да се поврзе со обиколницата уште во текот на минатата година. Граѓаните од Радишани, Љубанци, Раштак и Љуботенски пат веќе неколку години бараат поврзување на овој булевар со скопската обиколница со цел да се намали секојдневниот метеж на улицата „Бутелска“, која претставува  единствена врска на овие населени места со центарот на Скопје. Градската власт подолго време работеше на основниот проект за продолжување на трасата, но за отпочнување на ваквиот зафат во претстојниот период треба да се откупат приватните парцели низ кои треба да поминува булеварот и да се обезбедат неопходните финансиски средства за градежните активности.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Христијан Тодоровски Карпош