Јапонската банка за меѓународна соработка нема да одобри нов кредит за хидросистемот „Злетовица“. Иако првата фаза на хидросистемот беше успешно заокружена на крајот на минатата година, Јапонците образложиле дека Македонија веќе не се квалификува за таков тип на кредити. Во меѓувреме владата бара нови извори на финансии. Приоритетна е изградба и адаптација на неколку пречистителни станици, со што „Злетовица“ ќе обезбеди рентабилност преку дистрибуција на доволни количини вода за пиење во неколку источно-македонски општини. Првата рата од кредитот доспева во септември годинава.
Форумска дискусија за овој проект –> овде