Вчера Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија потпиша меморандуми за соработка со Град Скопје и со повеќе институции и организации, со цел за што побрзо пуштање во употреба на Меморијалниот центар на Холокаустот што се гради во Скопје, спроти „стариот“ театар. За денес беше најавено и потпишување на договор со изведувачот „Бетон Штип“, за завршување на градежните работи на објектот во рок од 12 месеци.
Објектот кој се простира на околу 5.000 метри квадратни почна да се гради на 2 септември 2005 година. И досега имаше бројни најави за негово довршување. Покрај големото одолговлекување со градежните работи, се тврди дека како голем проблем се наметнало и собирањето на музејската поставка за животот на Евреите во Македонија.
Форумска дискусија за овој проект –> овде