Претходна статија
Општина Аеродром во потрага по архитектонско решение за егзотичниот зелен парк
Следна статија
Цената на плоштадот „Карпошово востание“ надмина 10 милиони евра

Државното земјиште под дивоградбите ќе може да се откупи за едно евро по метар квадртен

Објавено на 13.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Сопствениците на нелегално изградени објекти добија уште една поволност. Со најновата владина одлука која стапува на сила веднаш, за дивоградбите изградени врз државно земјиште се отвора можноста за откуп на земјиштето по цена од едно евро за метар квадратен, а истото се однесува и на дворното место. Според премиерот Никола Груевски, се очекува дека одлуката ќе влијае на речиси 360 илјади семејства, бидејќи најголемиот дел од дивите градби се наоѓаат на државно земјиште, додека помал дел се на приватно. Процесот на легализација на нелегално подигнатите објекти започна во март 2011 година и во рамки на законскиот рок беа поднесени 354.475 апликации. До средината на минатата година се легализираа над 25.000 објекти.